Виолетовозелена гулапка

Виолетовозелена гулапка, (Russula cyanoxantha), попозната како горилник за јаглен, е габа базидиомицет, која се разликува од повеќето други членови на родот Гулапка со тоа што ливчињата не се разделуваат, тие се меки нееднакво долги флексибилни и разгранети. Таа е еден од најчестите видови на Гулапка во Европа.

„Виолетовозелена гулабка“ (Russula cyanoxantha)
„Виолетовозелена гулапка“ (Russula cyanoxantha)

Таа е печурка за јадење. Таа била прогласена за „Печурка на годината“ во 1997 година од Германското здружение на миколози.

Опис уреди

Најистакната одлика се слабите ливчиња, кои се чувствуваат мрсни на допир, тие се флексибилни и не се кршат. Шапката е 4–15 см (1,5–6 инчи) широка, во младоста е тркалезна потоа полутопчеста и на крај раширена и вдлабната, по боја може да се појави во следниве комбинации: виолетовосина, виолетовоцрна, зеленикава до светло-кафеава (шапката има инзвонредно променлива боја). Дршките се чисто бели, малку конвексни под шапката, до 10 см во висина и 1,5-2,5 см (0,5–1 инчи) во пречник. Спорите се чисто бели. Месото ќе даде зелена реакција кога ќе се нанесат соли на железо (железен сулфат). Повеќето други (но не сите) видови русули се одликуваат со розеникава реакција. Заедно со флексибилноста на жабрите, ова е добра дијагностичка трага за нивото на видовите.

Распространетост и живеалиште уреди

Виолетовозелена гулапка расте во малку кисела, но богата со хранливи материи почва. Како и сите Гулапки, таа е микоризална габа. Најчесто се наоѓа во букови шуми, а често и во листопадни или мешани шуми, расте од мај до ноември, со најголема концентрација во јули до септември. Расте групно или поединечно.

Во исхраната уреди

Печурката е инзвонредна за јадење[1] таа е погодна за многу видови подготовки; месото не е толку тешко како на многу други Гулапка кои се јадат. Месото е бело, кревко,без мирис, вкусот е сладникав и потсетува на лешници.

Слични видови уреди

Шапката на сиво-зелената (Russula grisea) е повеќе сино-сиво, но има виолетови или зелени нијанси со светли кремасти жабри. Оваа габа расте и во мешани шуми, особено под бука, и поретко во четинари.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Phillips, Roger (2010) [2005]. Mushrooms and Other Fungi of North America. Buffalo, NY: Firefly Books. стр. 137. ISBN 978-1-55407-651-2.

2. Е.Гарнвајднер. Печурки и жабокреци на Велика Британија и Европа . Колинс. 1994 година