Вила Марија
Жанрдрама, теленовела
Создадена одАлисија Карвахал Станко Црнобрња
УлогиЈелена Велјача
Дамир Марковина
Ксенија Пајиќ
Жарко Радиќ
Земја на потеклоХрватска
Првичен јазиксрпскохрватски
Бр. на епизоди160
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаХРТ

Синопсис уреди

Ова е приказна за три семејства кои заедно се поврзани, но уште повеќе раздвоени со пари, љубов, страсти и измама. Еден од главните улоги е Томо Јурак, 50 годишен милионер, сопственик на ресторани и хотели како што е хотелот "Grand" во Загреб и "Villa Maria" која се наоѓа во Опатија. Неговата ќерка Дора има 20 години и е одлична студентка на медицина. Томо ја обожава и не ја прифаќа помислата дека таа е веќе зрела девојка и дека има момче и своја интима. На почетокот таа е разгалена татина ќерка, која ќе се развие во зрела девојка која ќе се обиде да ја сочува фамилијата заедно, после што ја дознава вистината за љубовницата на Томо, злобната Весна, жена на соперникот на Томо, Макс Ловрек.

Дора се заљубува во Лука Понграц, вработник во фирмата на Томо, воедно и негова десна рака во работата. Иван, братот на Дора, е љубоморен на Лука и на неговиот однос со Томо, кој наликува на однос на син-татко кој го сака Иван. Мајката на Лука, Дуња не ја одобрува врска помеѓу Дора и Лука, а воедно ја чува и тајната за неговото потекло.

Занимливости за серијата уреди

  • Ова е првата хрватска теленовела[1], која со емитување почна во октомври 2004 год. на ХРТ во 18:40 часот. Својата "светска премиера" ја доживеа во Србија, каде со емитување на Пинк Телевизија почна половина час порано.
  • Поради огромен успех во Србија во последните 10 епизоди гостување белградскиот глумец Војин Цветковиќ. Исто така пејачката Тијана Дапчевиќ ја спомена "Villa Maria" во нејзината песна "Се е исто, само него го нема".
  • Глумицата Миа Беговиќ, која ја глумеше Хелена Рујак, доби отказ неколку недели пред завршувањето на снимањето на серијата. Причините за отказот не беа познати за јавноста, а Хелена во серијата се појавување сè до крајот, освен во последните сцени на серијата.[2]
  • Хрватскиот пејач Петар Грашо се појави како гостин во серијата, каде се глумеше самиот себеси, воедно како новиот додворувач на Дора. Неговата колешка, исто така пејачка, Јелена Розга, го глумеше измислениот лик Мирна Полиќ, пријателката на Мајда.
  • Специјални улоги во серијата добија и мексиканските глумци Омар Херменос и Глорија Пералта, кои во вистинскиот живот се во брак.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Јелена Велјача Дора Јурак
Дамир Марковина Лука Понграц
Ксенија Пајиќ Ана Јурак
Жарко Радиќ Томислав "Томо" Јурак
Анте Чедо Мартиновиќ Макс Ловрек
Барбара Вицковиќ Весна Ловрек
Мислав Чавајда Иван Јурак
Миа Беговиќ Хелена Јурак
Нада Гашечиќ Ливаковиќ Дуња Понграц

Вила Марија на Балканот уреди

Хрватска: ХРТ1
Македонија: Канал 5 Телевизија
Србија: Пинк Телевизија[3][4]


Црна Гора: Пинк М
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Словенија: ПОП ТВ

Наводи уреди

  1. „„Proizvodnja sapunice je rudarski posao" (Press Online)“. Архивирано од изворникот на 05. 03. 2016. Посетено на 25. 01. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)
  2. Otkaz Miji Begović zaustavio pobunu glumaca[мртва врска]Предлошка:Мртва веза
  3. Vila Marija na televiziji Pink“. Архивирано од изворникот на 09. 12. 2012. Посетено на 25. 01. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)
  4. „TV Pink juče počela s prikazivanjem prve hrvatske telenovele Vila Marija“ (Glas javnosti)