Википедија:Фотоловови

Преглед
Фотоловови во 2024
Фотоловови во 2022
Фотоловови во 2021
Фотоловови во 2020
Фотоловови во 2019
Фотоловови во 2018
Фотоловови во 2017
Фотоловови во 2016

Фотоловови — проект на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ (во периодот 2016 — 2023 година на „Споделено знаење“) наменет за поединци и групи заинтересирани да организираат посета на место или настан со цел да создадат фотографии коишто би и објавиле под лиценца за слободна документација за да може да се користат на викимедиините проекти.

Важно е содржините да содржат точни описи и подоцна истите да бидат употребени во статии на Википедија на македонски јазик. Секој учесник во фотолов одобрен од страна на заедницата на Википедија на македонски јазик има право на надомест за направените трошоци.

Поднесување на предлог за фотолов уреди

Секој кој е заинтересиран да спроведе фотолов потребно е да поднесе предлог во полето „Назив на предлогот“ или со пополнување на следниот Формулар за пријавување. Предложувачот треба јасно да ги претстави своите планови, образложувајќи кој настан ќе го фотографира, со кое превозно средство ќе патува (доколку е ова важно), колку време ќе трае потфатот (дали е еднодневен и неколкучасовен настан или трае повеќе дена), колку членови ќе учествуваат во екипата (ако ги има) и колкави се проценетите трошоци. Заинтересираниот поединец или група ќе треба да ја најави својата намера за одење на фотолов најмалку 7 дена пред настанот. Врз основа на содржината на барањето, заедницата ќе донесе одлука за тоа дали предлогот треба да биде одобрен.

Буџетот за спроведување на проектот во 2024 година изнесува 24 илјади денари, односно тоа се финансии за шест фотоловови. Спроведувањето на проектот ќе биде завршено кога сите средства ќе бидат потрошени. Може да одберете настан од постоечката mk:Категорија:Фестивали во Македонија.


Тековни предлози уреди

(Свој придонес во дискусијата за поднесените предлози може да даде секој корисник на Википедија на македонски јазик, додека право на глас има секој корисник со најмалку 500 уредувања на Википедија на македонски јазик.)

Одобрени предлози уреди

Во текот на 2024 година се одобрени следните предлози:

Право на надомест уреди

Право на надомест за направените трошоци за време на фотоловот има секој предлагач на фотолов одобрен од страна на заедницата на Википедија на македонски јазик. Трошоците што подлежат на надомест вклучуваат: патни трошоци, трошоци за локален превоз, трошоци за храна и пијалаци доколку е настан што трае повеќе дена, и трошоци за влезници.

Средствата ќе бидат надоместени откако:

  • најмалку 30 фотографии од фотоловот ќе бидат подигнати на Ризницата, учесникот ќе ја извести заедницата со додавање на поднасловот === НАЗИВ НА НАСТАНОТ === на крајот од страницата за евиденција; и
  • учесникот уредно ќе достави фискални сметки и/или сметкопотврди за направените трошоци во врска со фотоловот, по што парите ќе бидат надоместени.

Висината на средствата што ќе бидат надоместени не може да ја надмине сумата од 4.000 денари.

Корисни совети уреди

Создавање на фотографии уреди

Фотографиите треба да бидат од настани, концерти, изложби.

Може да одберете настан од постоечката категорија: mk:Категорија:Фестивали во Македонија.

Се препорачува да не се:

  • прават фотографии без енциклопедиска вредност;
  • прават повеќе фотографии од еден ист објект сликан од ист агол;
  • создаваат црно-бели фотографии и фотографии со вештачки бои; и
  • уредуваат фотографии со елементи од други фотографии.

Подигање на фотографии уреди

Видео-упатство за прикачување слики на Заедничката Ризница

Фотографиите направени за време на фотоловот е потребно да се подигнат на Ризницата. Фотографиите треба да ги пренесете на компјутер директно од апаратот со кој се сликани, за да се зачуваат таканаречените мета податоци откако ќе бидат подигнати. При подигањето, задолжително мора:

  • да се одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“;
  • да се даде прецизен опис на македонски и на англиски јазик;
  • да се додаде во описот предлошката {{Supported by Wikimedia MKD}}; и
  • да се внесе категорија на англиски јазик во чиешто име е содржано името на посетениот настан.


Уредување на статии уреди

Освен подигањето на фотографиите, учесниците по избор може да одлучат да уредуваат статии на теми поврзани со настанот опфатен со спроведениот фотолов. Со цел да се направи преглед на уредените статии, се препорачува статиите да се додадат на страницата за евиденција.

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди