Алберто Контадор (роден во 1982) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист и еден од шесте возачи кои имаат победено на сите три големи трки во друмскиот велосипедизам. Тој бил победник на Тур де Франс 2007 со екипата Дискавери Канал. Со екипата Астана ги освои Џиро д’Италија 2008, Вуелта а Еспања 2008 и Тур де Франс 2009. Исто така, првично го освоил и Тур де Франс 2010 со оваа екипа и Џиро д’Италија 2011 со екипата Саксо Банк-СанГард, но овие титули му биле одземени откако се покажал виновен по обвинувањата за допинг. Потоа, повторно ја освоил Вуелта а Еспања во 2012 и во 2014 година и Џиро д’Италија 2015.

Контадор често е сметан како најдобриот специјалист за искачување и најдобар возач на етапни трки во светот. Познати завршници на етапи на нагорнина се победите на Алто де Ел Англиру на Вуелта, Плато де Бел на Тур и Етна на Џиро. Откако се очекувало да го изгуби неговото мало водство на Тур де Франс 2007 на завршниот поединечен хронометар, Контадор станал подобар на хронометрите, со неколку победи во оваа дисциплина. Тој ја заработил оцената како универзален возач, велосипедист кој посветил внимание на сите делови од етапното тркање, кои се потребни за остварување високи пласмани во генералните пласмани. (Дознајте повеќе...)