Весна Јаневска
Весна Јаневска (р. 1958 година во Скопје) — македонски патолог и поранешен пратеник во Собранието на Македонија. Таа е професор на Медицинскиот факултет во Скопје и вработена во Институтот за патологија.[1]
Весна Јаневска | |
---|---|
Пратеничка на Собранието на Македонија | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Весна Јаневска 1958 (воз. 65–66 г.) Скопје, СФР Југославија |
Државјанство | Македонија |
Националност | Македонка |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Други припадности | ВМРО-Народна |
Занимање | патолог |
Животопис уреди
Свој придонес во областа на медицината и патологијата остварила со следниве истражувачки проекти: „Скрининг, дијагноза и постсмртно испитување на вродени дисплазии на скелетот“; „Создавање на постоперативен дијагностички и терапевски протокол кај тумори на плунковните жлезди со користење на хистопатолошки и радиолошки критериуми“; „Евалуација на ефектите од хемотерапијата кај остеосаркомите“; „Имунофенотипски и генетски профил на тумори на простата, колоректум, скелет и хронични миелопролиферативни заболувања“.
Член е на Лекарската комора на Македонија, Конзилиум за Саркома при Медицинскиот факултет, Македонското патолошко друштво, Европското патолошко друштво, Македонското друштво за морфолошки науки и Македонското здружение на лекари.
Наводи уреди
- ↑ „ЈАНЕВСКА ВЕСНА“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2020-10-06.