Венче Стојков Грујоски ( 1921 во Долно Добреноец, Кичевско1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Венче Грујоски
Роден 1921 година
Долно Добреноец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Дуго Село, Хрватска
Националност Македонец

Животопис уреди

Потекнувал од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште, бидејќи немал услови да се школува, останал земјоделски работник. Како симпатизер на ослободителното движење и напреден младинец, станал член на СКОЈ во 1943 година. Го помагал организирањето на младината, а во 1944 година се приклучил во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Охрид, Струга и Кичево, а потоа заминал на Сремскиот Фронт. Загинал во борба со Германците кај Дуго Село во близината на Загреб во април 1945 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 51.