Велко Скочивирски

Велко Цветков Велков (прекар: Велко Скочивирски или Скочивирчето[1][2]) — македонски револуционер, прилепски реонски војвода на Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО).

Велко Цветков Велков
Велко Скочивирски или Скочивирчето
Роден 5 април 1877
Скочивир, Битолско, Македонија како дел од Османлиското Царство
Починал 15 мај 1906
Клепач, Битолско, Македонија како дел од Османлиското Царство

Биографија уреди

Велко Скочивирчето е роден на 5 април 1877 година во мариовското село Скочивир, тогаш во Отоманското Царство, но по потекло бил од Чеган.[1] Се приклучил на ТМОРО и станал комита под водство на Ѓорѓи Сугарев. Подоцна станал регионален војвода во Прилепско. Во 1905 година водел активна борба против грчката пропаганда што се ширела во Мариово.[3] Загинал со целиот свој одред во битка со турската војска кај селото Клепач на 15 мај 1906 година.[4][5] Погребани се во дворот на селската црква „Свети Архангел Михаил“. За него се пее народната песна „Велко војвода се моли на Бога“.

Контроверзи за споменикот уреди

Веројатно за време на Првата светска војна, 10 години по смртта на овие комити, во селото Клепач била поставена надгробна спомен-плоча од страна на бугарската војска,[7] со имињата на убиените и натпис „Тие загинаа за слободата на Македонија и обединувањето на Бугарија. Кој паѓа во борбата за слобода, не умира“.

Во 2021 година споменикот бил заменет со таков на македонски јазик, во која e отстранет текстот за Бугарија. Официјалните власти во Бугарија, сметаат дека презимињата на четниците на новата плоча претставуваат фалсификување.[6] Истрагата утврдила и дека надгробната плоча не потпаѓа на ниту еден статус на заштитено културно обележје или природна реткост, туку се работи за приватен гроб и надгробна плоча.[8][9][10][11] Според Шило Магазин имињата и презимињата на новата плоча се запишани на македонски јазик и во форма во која ја употребуваат самите селани и роднините на загинатите комити.[12][13]

Според МНР член на семејството на војводата Велко, во договор со црковниот одбор на црквата „Архангел Михаил“, на своја иницијатива и ангажман ја извршил замената на надгробната плоча, при што самоволно одлучил да ја смени содржината и јазикот. Според владиката Петар Преспанско-пелагониски селаните на селото Клепач не сакале фалсификувана историја од страна на Бугарија, па затоа едногласно одлучиле да ја сменат плочата и да го сменат тој дел од содржината, натаму таа да биде на македонски јазик, зашто меѓу загинатите имало и нивни денешни директни наследници.[13]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Костески - Швака, Зоран. Мариово - Жива историја, Мариово филм, Скопје, 2020, с.236
  2. „Загинувањето на Ѓорѓи Сугарев“. www.ego.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-11-05. Посетено на 2021-11-05.
  3. Official Documents Concerning the Deplorable Condition of Affairs in Macedonia, Constantinople, At the printing press of the Patriarchate, 1906, рр. 118-119. Архивирано на 11 март 2016 г.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация : Войводи и ръководители (1893-1934) : Биографично-библиографски справочник. София, Издателство „Звезди“, 2001. ISBN 954-9514-28-5. с. 26.
  5. Трайчевъ, Георги. Градъ Прилѣпъ. Историко-географски и стопански прегледъ. София, Печатница „Фотиновъ“ № 1, 1925. с. 268.
  6. 6,0 6,1 Менуваме споменици, јаваме кон Европа, tribuna.mk, 27.9.2021 г.
  7. „„Лошото" друштво на Велко Скочивирски“. Трибуна. 2021-10-06. Посетено на 2021-11-05.
  8. Popovski, од Nikola (2021-10-03). „МНР до бугарските колеги: Надгробната плоча во прилепско е променета од член на семејството на Скочивирчето“. Локално (англиски). Посетено на 2021-11-06.
  9. „Член на семејството на Скочивирчето сам ја променил надгробната плоча за која Бугарија врачи протестна нота, информираше МНР – Maktel“. Архивирано од изворникот на 2021-11-06. Посетено на 2021-11-06.
  10. https://www.expres.mk/mnr-objasni-zoshtto-e-promeneta-plochata-za-koja-bugarija-upati-protesna-nota/
  11. https://emagazin.mk/chlen-na-seme-stvoto-na-vo-vodata-samiot-odluchil-da-a-promeni-nadgrobnata-plocha-za-ko-a-reagirashe-bugarskoto-mnr/
  12. „Пукна уште еден меур бугарски лаги- Велко Цветков Велковски - Скочивирски е македонски револуционер, прилепски војвода на ВМРО“. Шило Магазин. 2021-10-07. Посетено на 2021-11-05.
  13. 13,0 13,1 „Владиката Петар: Селаните на Клепач не сакаат фалсификувана историја, едногласно одлучиле да ја сменат плочата“. Pressing TV. 2021-09-30. Посетено на 2021-11-05.