Вевчански Извори — едни од поретките псевдопериодски сифонски врела во Македонија. Сместени се на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор. Зафатнината на Вевчанските Извори во влажниот период од годината изнесува околу 1.500 литри во секунда.

Вевчански Извори
МСЗП — Категорија III (споменик на природата)
Најблизок градСтруга
Површина13.76 км2
Воспоставен(а)1999 (1999)

Галерија уреди