Вањочка е леб кој е направен во вид на плетенка, печен и подготвуван во Чешка и Словачка, најчесто се прави за Божиќ. Најчесто се подготвува со бело брашно, или во форма на клин или плетенка. Според овој начин на којшто е направен лебот, го претставува телото на Исус завиткано во ткаенина.[1]

Вањочка
Други имињаВањочка
ВидСладок леб
Место на потеклоЧешка и Словакија
Главни состојкиЈајца и путер, квасец, шеќер, суво грозје, бадеми

Вањочка се споменува во текот на 16 век, кога можел да го направи само пекар кој бил занаетчија на еснаф. Во текот на 18 век, луѓето го зеле рецептот во своите домови и почнале самите да го печат. Тој е богат со јајца и путер, што го прави сличен на бриош. Кората од лимон и румот додаваат боја и вкус, а тестото исто така може да содржи суво грозје и бадеми. Вањочка може да се направи од три помали плетенки наредени еден врз друг; ова понекогаш се толкува како груба скулптура на бебето Исус завиткано во ткаенина и легнато во јасли.

Има висока репутација дека е тешко да се подготви овој леб, па во многу домови суеверија и посебни обичаи се поврзани со процесот на печење. Кога се прави вањочка, се кажува дека мора да се мисли на сите кои ти се мили (ги сакаш и ти се допаѓаат). Друго суеверие е дека вањочката не смее да се допира со метал. На крај, личноста која ја прави вањочката треба да скока (горе-доле) додека да стаса тестото[2]

Лебот е именуван „вањочка“, што на чешки значи Божиќ.

Од идентично тесто, на Велигден се прави леб наречен мазанец.

Наводи уреди

  1. Výbor z české literatury od počátků po dobu Husovu (PDF) (чешки). Посетено на 9 February 2018.
  2. Preparing a vanocka isn't simple