Вања Милинковиќ Савиќ

Вања Милинковиќ Савиќ (Оуренсе, 20 февруари 1997) е српски фудбалер кој настапува на позицијата голман. Моментално настапува за екипата на Торино. Неговиот постар брат Сергеј исто така е фудбалер.

Вања Милинковиќ Савиќ
Милинковиќ Савиќ 2018
Лични податоци
Роден на 20 февруари 1997(1997-02-20)(27 г.)
Роден во Оуренсе, Шпанија
Висина 2.02 m[1]
Позиција Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Торино
Број 23
Младинска кариера
Гразер АК
2006–2014 Војводина
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014–2015 Манчестер Јунајтед 0 (0)
2014–2015Војводина (loan) 17 (0)
2015–2017 Легија Гдањск 29 (0)
2017– Торино 73 (0)
2018–2019СПАЛ (позајмица) 2 (0)
2019Асколи (позајмица) 8 (0)
2019–2020Стандард Лијеж (позајмица) 0 (0)
Репрезентација
2013–2014 Србија под 17 6 (0)
2014–2016 Србија под 19 9 (0)
2014–2015 Србија под 20 3 (0)
2016–2017 Србија под 21 10 (1)
2021- Србија 16 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 31 August 2023 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 23:58, 14 October 2023 (UTC)

Клупска кариера уреди

Почетоци на кариера уреди

Вања Милинковиќ Савиќ е роден во шпанскиот град Оуренсе, каде што неговиот татко во тоа време играл фудбал.[2][3] Татко му подоцна се преселил во австрискиот тим на ГАК од Грац, каде Вања почнал да тренира фудбал.[2] Откако семејството се вратило во Нови Сад во 2006 година, Вања настапувал за помладите категории на екипата на Војводина.[2] Својот прв професионален договор со составот на Војводина го потпишал на 2 април 2014 година.[4] На 17 мај истата година потпишал договор со екипата на Манчестер Јунајтед и како дел од договорот требало да остане на позајмица во екипата на Војводина уште една година.[5] Вања во сезоната 2014/15 бранел на 17 натпревари за екипата на Војводина во српската Суперлига, а одиграл и два натпревари во Купот на Србија.[6] По завршувањето на сезоната во Војводина, тој преминал во тимот на Манчестер Јунајтед, но сепак не успеал да добие работна дозвола, па договорот морало да биде раскинат.[7]

Лехија уреди

Во ноември 2015 година Вања потпишал договор со полската екипа Лехија.[8] Тој за овој клуб во текот на вториот дел од сезоната 2015/16 и првиот дел од сезоната 2016/17 одиграл вкупно 29 првенствени натпревари.[6]

Торино и третманот како позајмен играч уреди

Во јануари 2017 година, тој потпишал петгодишен договор со екипата на Торино од Италија. Договорот стапил на сила на 1 јули 2017 година.[9] Тој за составот на Торино во сезоната 2017/18 одиграл само четири натпревари (1 во првенството и три во купот).[6] Во јуни 2018 година, клубот на Торино го испратил како позајмен играч во екипата на СПАЛ.[10] Во текот на првиот дел од сезоната 2018/19 бранел само на два натпревари во Серија А, а одиграл и еден натпревар во Купот.[6] Тој го напуштил тимот на СПАЛ во декември 2018 година,[11] а на крајот на јануари 2019 година заминал на нова дестинација исто како позајмен играч, овој пат во второлигашот Асколи.[12] Вања за новиот клуб во текот на пролетниот дел од сезоната 2018/19 одиграл осум натпревари во Серија Б.[6] Во јуни 2019 година заминал на едногодишна позајмица во екипата на Стандард.[13]

Репрезентација уреди

Милинковиќ-Савиќ станал светски шампион со репрезентацијата на Србија до 20 години во 2015 година на Светското првенство во Нов Зеланд. Во тоа време тој бил замена за соиграчот Предраг Рајковиќ.

Во мај 2017 година, селекторот на српската репрезентација до 21 година, Ненад Лалатовиќ го вклучил Милинковиќ Савиќ на конечниот список на играчи за ЕП 2017 во Полска.[14] Србија го завршила натпреварувањето во групната фаза откако претрпеле два порази и еден нерешен резултат во трите натпревари. Милинковиќ Савиќ бранел по 90 во првите два натпревари на првенството, против репрезентациите на Португалија и Македонија,[15][16] додека третиот натпревар против Шпанија го гледал од клупата за резервни играчи.[17]

За сениорската репрезентација на Србија прв пат настапил на 11 ноември 2021 година, на пријателски натпревар против репрезентацијата на Катар.[18]

Трофеи уреди

  • Србија
    • Освоен е Светското првенство за играчи до 20 години во 2015 година.

Наводи уреди

  1. „VANJA MILINKOVIĆ-SAVIĆ“. fkvojvodina.rs. Football club Vojvodina. Архивирано од изворникот на 2018-07-07. Посетено на 15 November 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Вања Милинковић-Савић за "Спорт": Да сам остао нападач данас бих био у Реалу!“. Вечерње новости. 1. 1. 2015. Посетено на 27. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „Браћа Милинковић-Савић бисери са новосадског асфалта“. Вечерње новости. 6. 1. 2014. Посетено на 27. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  4. „Вања Милинковић-Савић професионалац“. fkvojvodina.rs. 2. 4. 2014. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 27. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  5. „Вања Милинковић-Савић у Манчестер јунајтеду!“. Радио Телевизија Србије. 17. 5. 2014. Посетено на 27. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Вања Милинковић-Савић“ (англиски). soccerway.com. Посетено на 27. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  7. „Вања Милинковић Савић раскинуо уговор са Манчестер Јунајтедом! И одмах нашао нови клуб…“. Моцарт спорт. 26. 11. 2015. Посетено на 27. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  8. „Вања Милинковић Савић раскинуо уговор са Манчестер Јунајтедом! И одмах нашао нови клуб…“. Мондо. 27. 11. 2015. Посетено на 27. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  9. „Милинковић-Савић мења Харта у Торину од лета“. b92.net. 1. 2. 2017. Посетено на 18. 6. 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  10. „Вања Милинковић Савић отишао из Торина по минуте“. Моцарт спорт. 4. 7. 2018. Посетено на 27. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  11. „Вања Милинковић Савић напушта СПАЛ, остаје у Италији“. Моцарт спорт. 30. 12. 2018. Посетено на 27. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  12. „Вања Милинковић Савић у Серији Б“. Моцарт спорт. 30. 1. 2019. Посетено на 27. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  13. „Милинковић Савић на позајмици у Стандарду“. Б92. 29. 6. 2019. Посетено на 30. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  14. „Лалатовић тим за ЕП: Радоњић на списку, нема Ристића“. Спортски журнал. 22. 6. 2017. Посетено на 24. 6. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  15. „Portugal 2-0 Serbia“ (англиски). FIFA. 17. 6. 2017. Посетено на 23. 6. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  16. „Serbia 2:2 FYR Macedonia“ (англиски). FIFA. 20. 6. 2017. Посетено на 23. 6. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  17. „Serbia 0:1 Spain“ (англиски). FIFA. 23. 6. 2017. Посетено на 23. 6. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  18. „Poluvreme: Katar opasniji, Srbija vodi! Vanja odličan na debiju!“. Sportske.net (српски).

Надворешни врски уреди