Васил Божинов Тодоровски ( 1925 во Дебар1945 во Срем, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Васил Тодоровски
Роден 1925 година
Дебар, Македонија
Починал април, 1945 година
Срем, Србија
Почивалиште Градски гробишта Бутел, Скопје

Животопис уреди

Произлегува од многу сиромашно семејство. Основното и граѓанското училиште ги завpшил со одличен успех. Во 1939 година се населил во Скопје. Учел во Втората машка гимназија, каде во 1941 година се запознал со напредното движење и активно соработувал во народно-ослободителната борба против окупаторот. Учествувал во сите акции на средношколската младина. Активно дејствувал во редовите на младината за придобивање на нови приврзаници за оружената борба на македонскиот народ. Растурал илегално летоци и собирал народна помош. Бил уфрлен во бугарската фашистичка организација „Браник, со цел да ја известува организација за секоја акција на фашистичката младина. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите борби на Бригадата. Подоцна со Петнаесеттиот македонски корпус заминал на Сремскиот фронт. Како искусен борец бил поставен за политички комесар на заштитната чета во Четириесет и втората дивизија. По пробивот на германско-усташкиот фронт, во април 1945 година, храбро загинал во Срем. По завршетокот на војната, неговите посмртни останки биле пренесени и закопани на партизанските гробишта во Скопје.

Наводи уреди

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 145. На |first= му недостасува |last= (help)