Василиј Блажен (познат и како Василиј Јуродивен; Василиј, московски чудотворец; или Блажениот Василиј московски, јуродивен; руски: Василий Блаженный) ― руски православен светец од видот познат како јуродивен човек или „света будала“.

Василиј Блажен
Икона со Св. Василиј Блажени
(низок релјеф, Црква „Св. Василиј“, Москва)
Јуродивен и чудотворец
Роден(а) декември 1468, Јелохово
Починал(а) 2 август 1552 или 1557, Москва
Почитуван(а) во Православна црква
Канонизација 2 август1588, Moscow од Патријарх Јов Московски
Главно светилиште Црква „Св. Василиј“, Москва
Слава 2 август (15 август н.с.)
Обележја Облечен во партали или целосно гол

Живот уреди

 
Црквата „Св. Василиј“ во Москва е именувана по светецот.

Роден е во кметско семејство во декември 1468 година на тремот на соборната црква „Богојавление“ во Јелохово (сега во Москва).[1] Неговиот татко се викал Јаков, а мајка му Ана.

Првично како чирак чевлар, отишол во Москва кога имал шеснаесет години. Таму им помагал на оние кои се срамеле да побараат милостина, а имале потреба од помош. Тој усвои ексцентричен начин на живот на крадење од продавници и давање на сиромашните за да ги срами скржавите и да им помогне на оние на кои им е потребна. Одел гол и си ставал синџири да му тежат. Го прекорил Иван Грозни што не обрнувал внимание во црквата. Се вели дека Василиј има дар на пророштво.[1]

Кога умрел на 2 август 1552 или 1557 година, Свети Макариј, митрополит Московски, го отслужил неговиот погреб со бројно свештенство. Тој бил погребан во соборната црква „Св. Василиј“ во Москва, која била нарачана од Иван за спомен на неговото освојување на Казан, а подоцна била именувана за светецот. Василиј бил формално прогласен за светец во 1588 година.[1] Неговиот празник е славен на 2 август (15 август, н.с.).

Поврзано уреди

Наводи уреди

Општи извори уреди

  • Атвотер, Доналд и Кетрин Рејчел Џон. The Penguin Dictionary of Saints. 3-то издание. Њујорк: Penguin Books, 1993 година. ISBN 0-14-051312-4.

Надворешни врски уреди