Василе Ладомиров Трпески ( 1912 во Попоец, Кичевско1943 во Бериково, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Василе Трпески
Роден 1912 година
Попоец, Кичевско, Македонија како дел од Османлиското Царство
Починал септември, 1943 година
Бериково, Кичевско, Македонија
Националност Македонец
Спомен обележје на кое се наоѓа ѝ името на Василе Трпески.
Спомен обележје на НОБ во Попоец.

Животопис уреди

Потекнувал од селско семејство кое се занимавало со земјоделие. Василе имал можност да ја запознае положбата во стара Југославија, а по окупацијата се определил за борба против фашистичкиот окупатор. Во летото 1943 година отишол партизан во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред кој дејствувал низ Копачијата. Учествувал во повеќе акции на одредот. Во септември 1943 година, од слободно Кичево, со неколку другари со воз се упатиле кон Буковиќ со воен материјал непосредно пред битката на 1 октомври. Кај селото Бериково возот бил нападнат од балистите, а Василе бил заробен и убиен на ѕверски начин заедно со повеќе свои другари.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 142.