Василе Димески

македонски поет, драмски писател, критичар, есеист

Василе Димески (Прилеп, 1946Прилеп, 19 септември 2021) — македонски поет, драмски писател, критичар, есеист. [1][2]

Василе Димески
Роден(а)1946
Прилеп, Македонија
Починал(а)19 септември 2021
Прилеп
НационалностМакедонец
Познат(а) попоезија

Животопис уреди

Василе Димески е роден во 1946 година во Прилеп, каде што завршил средно образование, а Филозофски факултет, група Историја на југословенските книжевности завршил во Скопје. Паралелно со студиите работел прво како соработник, а потоа и како уредник на културната страница во весникот „Студентски збор“. Кога се вратил во Прилеп се вработил како професор по македонски јазик во електромашинскиот училиштен центар „Ристе Ристески-Ричко“, каде што го поминал поголемиот дел од работниот век.[1]

Книжевно творештво уреди

Василе Димески е автор на поетските книги.[2][1]:

  • Бакарни ѕвона, 1982
  • Изместена земја, 1999
  • Сеопшта песна, 1999
  • Тука запира сè, 2001
  • Аксиј сè уште тече, 2003
  • Градови паѓаат за тебе, 2007
  • Немаше град,
  • Дрво што оди,
  • Не е ноќ дури те памтам,
  • Татко мој, татко мој,
  • Прикрепи ми ја ракава мајко,
  • Седмиот ден,
  • Ноќва душава си ја изедов

Ги има објавено и драмските книги[1]:

  • Квадратура на кругот,
  • Војводата од пусто турско,
  • Условен рефлекс,
  • Крвавиот ангел“ (со драмите Страданијата за За-Зо Кулибан, Да, Госпоѓо Фирер и Враќањето на За-Зо Кулибан“),

како и книгата полемики

  • Мојата пресметка со нив.

Награди уреди

  • Награда „Державин“, 2017, за стихозбирката „Ноќва душава си ја изедов“
  • Награда „3 Ноември“ на Град Прилеп, 2017, за достигнувања во областа на книжевноста.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Почина писателот Василе Димески“. Вечер. Посетено на 25 јули 2022.
  2. 2,0 2,1 Современа македонска поезија. НИД „Микена“ - Битола. 2008. стр. 582. ISBN 978-9989-55-155-0. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help)