Вардар Чифлик

историско село во Неготинско

Вардар Чифлик — историско село во Тиквешијата, чие земјиште денес е во атарот на Црвени Брегови, Општина Неготино.

Вардар Чифлик
Вардар Чифлик во рамките на Македонија
Вардар Чифлик
Местоположба на Вардар Чифлик во Македонија
Вардар Чифлик на карта

Карта

Координати 41°33′17″N 22°06′04″E / 41.55472° СГШ; 22.10111° ИГД / 41.55472; 22.10111
Регион  Вардарски
Општина Неготино
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 139 м
Вардар Чифлик на општинската карта

Атарот на Вардар Чифлик во рамките на општината
Вардар Чифлик на Ризницата

Географија уреди

Селото било сместено на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Криволак.

Историја уреди

Во XIX век Вардар Чифлик ѝ припаѓал на Штипска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 90 жители, сите Македонци.[2][3]

Населението потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Во статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Вардар чифлик (Vardar-Tchiflik) имал 48 жители, Македонци.[2][4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го означил Вардар чифлик (Vardar čiflik) како македонско село.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[6]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
  4. Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, рр. 136-137.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.

Надворешни врски уреди