Варвара (Скопско)

историско село во Скопско

Варвара — историско село во Општина Сопиште, во околината на град Скопје. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители. Сместено е во најјужниот дел на атарот на с. Ракотинци, на околу 4,5 км јужно од него по најкусиот пат.

Варвара

Поглед на дел од селото Варвара

Варвара во рамките на Македонија
Варвара
Местоположба на Варвара во Македонија
Варвара на карта

Карта

Координати 41°54′56″N 21°31′50″E / 41.91556° СГШ; 21.53056° ИГД / 41.91556; 21.53056
Општина Сопиште
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 410 м
Варвара на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Варвара се наоѓа веднаш на левиот брег на Маркова Река во нејзината алувијална рамнина, на регионалниот автомобилски пат кој води од Драчево кон Марковиот Манастир и езерото Козјак во Порече (Р1106). Селото е рамничарско во подножјето на планината Китка. Во непосредна близина на селото се наоѓаат селата Маркова Сушица и Добри Дол. Во селото постојат голем број на викенд-куќи на жители од градот Скопје.

Историја уреди

Подрачјето на Варвара е населено уште од железното време, за што сведочи некрополата Пржали на околу 500 м источно од селото.[2]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 9 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 21 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 42 жители.[3]

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 130 жители христијани (Македонци).[4]

Во XIX век селото Варвара било чифлиг на скопскиот митрополит. Во втората половина на истиот век македонското население од селото било насилно почифлигувано од албанскиот насилник Касам-ќаја од село Гургурница, кој почнал да населува Албанци во селото. По зачестените комитски акции, Касам-ќаја и албанското население се повлекле, а македонското население со помош на селаните од Ракотинци и Добри Дол си ја откупиле земјата.

Демографија уреди

Селото е иселено и нема жители.

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта
  • Кале — утврдена населба (опидум) од раноантичко време
  • Пржали — некропола од железно и римско време

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 367. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  4. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209

Надворешни врски уреди