Валкана гулапка (Russula illota) е вид на печурка што не се јаде од родот Russula. Најчесто се наоѓа во листопадни и иглолисни шуми на варовник.

Валкана гулапка (Russula illota)
Валкана гулапка (Russula illota)

Опис уреди

Шапката е сферична кога е млада, подоцна е широко конвексна и може да биде рамна кога е стара. Таа е со изразена окер боја и е покриена со сиви лиги, до 15 cm во пречник. Жабрите се бледо кремасти и блиску едни до други, давајќи мирис на горчливи бадеми кога ќе се размачкаат. Спорите се исто така со бледа крем боја. Дршката е бела и станува со дамки со стареењето.

Слични видови уреди

Russula laurocerasi сè уште технички не се разликува од овој вид.

Користена литература уреди

  • Е.Гарнвајднер. Печурки и столчиња за жаба на Велика Британија и Европа. Колинс. 1994 година

Надворешни врски уреди

Валкана гулапкаIndex Fungorum (англиски)