Б’лгарово (бугарски: Българово) — град во Југоисточна Бугарија, припаѓа на општината Бургас во Бургаската Област. Има население од околу 1.943 жители (2022).[1]

Б’лгарово
Българово
град
Градското собрание на Б’лгарово
Градското собрание на Б’лгарово
Б’лгарово is located in Бугарија
Б’лгарово
Б’лгарово
Местоположба на Б’лгарово во Бугарија
Координати: 42°37′12.37″N 27°18′21.19″E / 42.6201028° СГШ; 27.3058861° ИГД / 42.6201028; 27.3058861
ЗемјаБугарија
ОбластБургас
ОпштинаБургас
Управа
 • ГрадоначалникЈордан Јорданов (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна52,035 км2 (20,091 ми2)
Надм. вис.&1000000000000007200000072 м
Население (2022)
 • Вкупно1,943
 • Густина37/км2 (97/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код8110
Повик. бр.+359 05915

Географија и местоположба уреди

Градот се наоѓа на 21 км северозападно од областниот центар Бургас, 6 км северно од Камено, 16 км југоисточно од Ајтос и 365 км од главниот град Софија. Градот исто така се наоѓа на околу еден километар северно од автопатот Тракија.

Историја уреди

За време на османлиското владеење, населбата имала грчко говорно население и се викала Урум Еникјој. За време на Руско-турската војна во зимата на 1877-1878 година, поголемиот дел од населението било масакрирано со повлекување на башибозучките и черкеските банди.[2][3] Подоцна населбата почнала да ја населуваат Бугари - главно бегалци од Одринска и Беломорска Тракија, кои овде се населиле по Балканските војни во периодот 1912-1913 година. Во 1934 година селото било преименувано во Б’лгарово а во 1974 година добило статус на град.

Јавни институции уреди

  • Тракиско друштво „Јани Попов“;
  • Народно читалиште „Согласност 1905“;
  • ОУ „Васил Левски“;
  • Црквата „Свети Атанасиј“, прогласена за споменик на културата во 1979 година.

Наводи уреди

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. „Освобождаване на Бургас“. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 2022-08-22. Занемарен непознатиот параметар |accsess_date= (help); Занемарен непознатиот параметар |web_adres= (help)
  3. Иван Карайотов, Стоян Райчевски, Митко Иванов: История на Бургас. От древността до средата на ХХ век, Печат Тафпринт ООД, Пловдив, 2011, ISBN 978-954-92689-1-1, стр. 135 – 138