Бугарски културен клуб - Скопје

Бугарскиот културен клуб - Скопје — здружение на граѓани во Република Македонија основано на 4 мај 2008 и регистрирана на 22 мај 2008. Претседател на Управниот одбор на здружението е Лазар Младенов, дипломиран електроинженер.[1]

Цел уреди

Целта на здружението е создавање на промени во Република Македонија и разбирање за неопходноста од зближување и меѓукултурна толерантност на културите на соседните држави - Република Македонија и Република Бугарија.[2]

Дејност уреди

Претставниците на здружението учествувале во јавна дискусија за интеграција на етничките малцинства во Струмица[3], се собирани и се претставени податоци за места на погребаните бугарски војници и офицери загинати за време на Првата светска војна на територијата на Република Македонија [4][5], и земаат однос во врска со спорот со Грција за името.[6][7]

Управен одбор уреди

  • Претседател на Управниот одбор
    • Лазар Младенов
  • Потпретседател на Управниот одбор
    • Александар Николиќ
  • Членови на Управниот одбор
    • Мирослав Ризински
    • Саве Димитриевски
    • Љупчо Куртелов
    • † Тодор Китанчев
    • Дејан Танчовски

Надзорен одбор уреди

  • Претседател на Надзорниот одбор
    • Васил Карастојанов
  • Членови на надзорниот одбор
    • Ристо Чичовски
    • Весна Речкоска

Извори уреди

  1. * Решение 30120080049985 од 22.05.2008[мртва врска]. Централен Регистар на Република Македонија.
  2. * Програма за работа на здружението на граѓани Бугарски културен клуб - Скопје. Мрежно место на здружението.
  3. * Јавна дебата во Струмица Архивирано на 22 јули 2011 г.. Мрежно место „Под исто сонце”.
  4. * Бугарски воени гробишта од Првата светска војна на градските гробишта во Струмица. Информативна агенција "Фокус", 26 април 2009.
  5. * Посета на гробиштата на бугарските офицери во Струмица. Мрежното место на здружението.
  6. * Меморандум од Бугарскиот културен клуб - Скопје во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција[мртва врска] Мрежно место на здружението.
  7. * Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб - Скопје: Од спорот за името Македонија само губи Архивирано на 26 мај 2011 г.. В. „Политика”, број 237, 31 октомври – 6 ноември 2008.

Надворешни врски уреди