Бранко Илиевски бил македонски раскажувач и драмски автор.

Животопис уреди

Илиевски е роден во Прилеп на 28 ноември 1932 година. Починал во Прилеп на 24 февруари 1994 година. Работел како новинар во Центарот за печат и радио во Прилеп. Член на ДПМ од 1964 година. Автор е на книгите: Погледни со моите очи во мене (раскази, 1958), Верување (раскази, 1980), Пресметка (роман, 1995).[1]

Наводи уреди

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр.99.