Бранковиќ (династија)

Бранковиќи — една од српските благороднички и владетелски семејства од 14 и XV век[1]. Во народот носат недостоинствено име што потекнува од народното (наративно) творештво поради верувањето дека Вук Бранковиќ го предал Кнез Лазар во Косовската битка.

Бранковиќ
Бранковић
Coat of Arms
Претходна династијаДинастија Немањиќ (по мајка)
Земја Српско Царство
Српско Деспотство
Унгарско Кралство
Прпадностсрпска
Основанапред 1323
ОсновачБранко Младеновиќ (благородничко семејство), Вук Бранковиќ (кралско семејство)
Последен владетелЈован Бранковиќ
ТитулиДеспот на Србија (1427–1502; royal)

Историјат на династијата уреди

Родоначaлникот на семејството бил Младен, кој бил жупан кај кралот Милутин Немања и војвода кај Стефан Дечански. За него постои податок дека во 1319 година пресудил во некаков спор за што го информирал дубровничкиот кнез, а четири години подоцна присилил некои требински благородници да им надоместат штета на Дубровчаните. Управувал со Требиње и Драчевица, во близина на Хума, а се претпоставува дека нивното потекло е токму од тој крај. Последен пат се спомнува во 1326 година и се знае дека имал брат жупан Никола, кој се спомнува само во документ од 1329. година.

Него го наследил неговиот син, севастократорот Бранко Младеновиќ, тој имал два сина, постариот Никола Радоња (†1399) и помладиот Вук Бранковиќ (†1397). По трагичната смрт на сопругата и двете ќерки, Никола Радоња се замонашил и живеел на Света Гора. Вук Бранковиќ бил оженет со Марa, ќерка на кнез Лазар и кнегињата Милица. Во текот на Косовската битка во 1389 година Вук Бранковиќ управувал со едно крило на српската војска, со другото управувал Влатко Вуковиќ, додека кнез Лазар управувал со централниот дел. Бил господар на територијата на денешното Косовo и Метохија (Приштина, Вучитрн, Звечан, итн.)

Вук Бранковиќ со сопругата Мара имал три сина: Гргур, Ѓураѓ и Лазар. Гргур се замонашил и починал како монах Герасим во манастирот Хиландар во 1408 година, Лазар загинал во битка во 1410 година. Као единствен господар на домаќинството останал Ѓураѓ Бранковиќ. Бидејќи неговиот вујко, деспотот Стефан Лазаревиќ немал наследник, го прогласил Ѓураѓ за својот наследник и тој бил српски деспот во периодот од 1427 до 1456 година.[2]

Ѓураѓ се женел двапати, името на неговата прва сопруга не е поѕнато, а втората била Јерина родена Кантакузин, правнука на византискиот цар Јован VI Кантакузин. Од двата брака имал четири сина и три ќерки. Ќерката Мара (1412—1487) била пратена во 1435 година во харемот на турскиот султан Мурат II.

Гргур и Стефан Бранковиќ биле ослепени во 1441 година по наредба на турскиот султана Мурат II. Гргур пред смртта се замонашил и како монах Герман починал во 1459 година во Хиландар. Тој имал вонбрачен син Вук попознат како Змеј на Огнениот Волк.

Лазар бил најмлад син на деспотот Ѓураѓ Бранковиќ и единствено тој не бил ослепен. Владеел со Србија од 1456 година до својата ненадејна смрт во 1458 година. Бил оженет со византиската принцеза Јелена Палеолог, ќерката на деспотот Томе Палеолог и внука на византискиот вар Јован VIII Палеолог. Тие тмале три ќерки Марија (Јелача), Јерина и Милица. Најстарата Марија (Јелача) била мажена за босанскиот крал Стефан Томашевиќ Котроманиќ во април 1459 година со цел да го добие во мираз српското деспотство.

Стефан Бранковиќ, средниот син на деспотот Ѓураѓ, владеел со Србија од смртта на Лазар во 1458 година до април 1459 година кага бил симнат од престолот. Падот на Смедерево под турска власт се смета и ѕа пад на Србија. Во 1460 година Стефан се оженил со Ангелина. Тие живееле како бегалци каде што тој и починал во 1476 година во замокот „Белград“. Имале синови Ѓорѓ и Јован кало и две ќерки Марија и Милица.

Наводи уреди

  1. Ћирковић, Сима (2004). Срби међу европским народима. Београд: Equilibrium.
  2. Веселиновић, Андрија (1995). Држава српских деспота (1. изд.). Београд: Војска.