Бошко Ивановски ( 1920 во Тетовско1945 во Антуновац, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]

Бошко Ивановски
Роден 1920 година
Тетовско
Починал април, 1945 година
Антуновац, Хрватска

Животопис уреди

Роден е во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште и во потрага по корка леб, се преселил во Скопје и работел во градот како слаткар.

Во ноември 1944 година стапил во 16 македонска ударна бригада со која, веднаш по ослободувањето на Скопје заминал на Косово, каде учествувал во акциите за разоружување и ликвидирање на заостанатите балистички банди. Потоа заминал во околината на Белград, каде ја завршил воено-политичката настава.

Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. Во април 1945 година во борбата кај Антуновац, Бошко храбро загинал.

Наводи уреди

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 65. На |first= му недостасува |last= (help)