Богољуб Арсиќ (Волковија, тетовско, 2 јули 1914Белград, 25 јули 1999) бил полковник, спец. епидемиолог и универзитетски професор[1].

Животопис уреди

Арсиќ е роден во Волковија, тетовско, на 2 јули 1914 година. Медицински факултет завршил во Белград, каде што и докторирал во 1962 година. Учесник во НОБ од 1944. Како воен лекар работел во Скопје и Сараево, а од 1962 година на Воено-медицинската академија во Белград, Србија. Заклучоците од докторатот се преземени како доктринарни ставови на ЗС во СФРЈ и ЈНА за превенција на ревматската треска, кои се применуваат и денес. Работел на голем број научни студии од областа на епидемиологијата што имаат и практична примена. Работниот опус го завршил како началник на Епидемиолошкиот институт и редовен професор на Воено-медицинската академија во Белград.

Библиографија уреди

Арсиќ објавил преку 160 научни и стручни трудови и 4 учебника по епидемиологија.

Наводи уреди

  1. Архив на ВМА