Богдан Нацев Ѓорѓиоски ( 1920 во Светораче, Кичевско1944 во Белград) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ.[1]

Богдан Ѓорѓиоски
Роден 1920 година
Светораче, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал ноември, 1944 година
Белград, Србија
Националност Македонец
Споменик на борците од НОВ на Македонија во Светораче, меѓу кои е запишан и Богдан Ѓорѓиоски.

Животопис уреди

Потекнувал од селско сиромашно семејство, поради што уште млад бил принуден да оди на печалба во Белград каде работел како пекарски работник. Како напреден младинец, активно го помагал народно ослободителното движење ѝ во пролетта 1944 година се приклучил во единиците на НОВ во Белград. Загинал во борбите за конечното ослободување на Белград во ноември 1944 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 56.