Битуменски песоци

Битуменски песоци, катрански песоци или нафтени песоци — мешавина од песок, глина, вода, нафта и други различни јаглеводороди, од кои индустриски може да се добие сурова нафта. Најважните наоѓалишта се во Канада и Венецуела. Засега, битуменските песоци главно се ископуваат површински, додека подлабоките слоеви стануваат сè попривлечни. Поради растот на нафтената цена и технолошкиот напредок, производството станува сè поисплатливо. Владата на Канада на пр. го поттикнува добивањето нафта од битуменските песоци и го гледа ова како важен стратешки фактор за иднината на националната економија.[1]

Парче битуменски песок

Наводи уреди

  1. Pierre-René Bauquis (2006-02-16). „What the future for extra heavy oil and bitumen: the Orinoco case“. World Energy Council. Архивирано од изворникот на 2 April 2007. Посетено на 2007-07-10.

Надворешни врски уреди