Белокрстен свиркач

вид птица
Белокрстен свиркач
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Пескарки
Вид: Белокрстен свиркач
Научен назив
Calidris ferruginea
(Pontoppidan, 1763)
Синоними

Erolia ferruginea Vieillot, 1816

Calidris ferruginea – јајце

Белокрстен свиркач или кривоклуна пескарка (науч. Calidris ferruginea) — мала птица од семејството на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на пескарките (науч. Calidris), која се размножува во тундрите на северен Сибир. Таа е типична птица преселница која зимува во Африка, но и во југоисточна Азија и Австралија. Се среќава и во Македонија.

Опис уреди

Белокрстниот свиркач е мала птица, само малку поголема од обичниот свиркач со должина од 19.5 до 21 см, но разликата е што има подолг, надолу свиен клун, подолг врат и нозе и бел задник. Возрасните единки во сезоната на парење имаат матно темносиви горни пердуви и цигла црвени долни делови. Во зима се светлосиви одозгора и бели одоздола и имаат јасна бела линија кај окото. Младенчињата имаат сив и кафен грб, бел стомак и розовикави гради.

Поведение уреди

Со црвен врат

Мажјакот за време на додворувањето изведува воздушни акробации. Женката снесува 3-4 јајца на земја во тундрата и тајгата, претежно во Сибир. Многу е тешко да се каже каков е успехот од размножувањето зашто гнездата на птиците се распрскани во бескрајниот простор, а нивното место зависи од времето. Од сите крајбрежни птици, белокрстниот свиркач има најкуса сезона на парење. По размножувањето, птиците се селат далеку на југот од Африка, Австралија и Индија, понекогаш патувајќи и по 15.000 км. Овие птици формираат големи јата кога се селат мешајќи се и со други птици, особено со обичниот свиркач. На своето патување поминуваат низ Европа.

Исхрана уреди

Овие птици најмногу се хранат со леминг (мали глодачи), но при преселбата тие обично пасат во мочуриштата крај бреговите и јадат разни инсекти.

Статус уреди

Пребројувањето на птиците во јужна Африка каде најголемиот број зимува, покажува дека во периодот од 1975 до 2009 година нивниот број опаднал за 40%. Сличен тренд е забележан и во Австралија, и можеби ова е поврзано со ефектот на глобалното затоплување на местата каде тие се размножуваат.[2] Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни птици се однесува и на овој вид.

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Calidris ferruginea. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. de Villiers, M.S (2009). Editor. Pretoria: SANBI. стр. 12. ISBN 978-0-620-45305-9.

Надворешни врски уреди