Белокила црнка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Merginae
Род: Melanitta
Вид: Белокрила црнка
Научен назив
Melanitta fusca
(Карл Лине, 1758)
Melanitta fusca

Белокрила црнка (Melanitta fusca) — вид птица од семејството патки, редот на гусковидните. Ја има во Македонија.

Распространетост уреди

Оваа патка гнезди во северните делови на Европа, Азија и Северна Америка. Зимува на Балканскиот Полуостров (вклучително и Македонија), Велика Британија и јужните делови на Северна Америка. Мали, изолирани популации се среќаваат во источна Турција.

Опис уреди

Таа се одликува со својата обемна форма и голем клун. Таа е најголемата црнка со должина од 51-58см, со тежина од 0,8 до 2 килограми и распон на крилјата околу 95 см. Мажјакот целиот е црн, освен белата дамка околу очите и неколку бели летечки пердуви. Женките се кафени со два пара бели дамки на двете страни на нивната глава и еден пар од бели линии на нивните крила.

Живеалиште и исхрана уреди

Овие патки живеат близу езера, мочуришта, бавни реки, густо обраснати со водни растенија. Се хранат претежно со животинска храна: ситни рипчиња, мали мекотели, ларви од инсекти, ракчиња и сл. Нурка околу 14 метри во длабочина и може да остане под вода повеќе од 1 минута.

Размножување уреди

Моногамни птици се и годишно одгледуваат само едно легло. Гнездат неколку метра од вода, на места обраснати со густа вегетација. Несат 5-17 кремасти јајца, тешки 92 грама и со размер 72 х 48 мм. Ги лежи само женката 25-31 ден, а малечките се испилуваат доволно развиени за да можат сами да се хранат.

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Melanitta fusca. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски уреди