„Бела Грива“ (француски: Crin-Blanc) — роман за деца на францускиот писател Рене Гијо.

Бела Грива корица на книгата

Содржина уреди

Книгата се состои од 11 глави:[1]

  • Чергари
  • Грабнување
  • Старецот гардијана Антонио
  • Белиот принц
  • Заробување
  • Кога соништата се остваруваат
  • Пролетни турнири
  • Бела Грива исчезна
  • Свеченоста во Арл
  • Господарот на коњите
  • Како во убав сон

Изданија на македонски јазик уреди

Во 2004 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“, во библиотеката Лектирни изданија. Преводот на македонски јазик е дело на Велика Ширилова, автор на илустрациите е Диме Илиев Димано, лектурата и коректурата ги извршил Дениз Тесторидес, дизајнот и графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, а книгата била испечатена во печатницата „Напредок“ во Тетово. Книгата, со обем од 120 страници и димензии од 20 сантиметри е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-612-5.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Рене Гијо, Бела грива. Скопје: Просветно дело, 2004.