Под безделништво или денгуба се подразбира време што не е поминато на задолжителни активности како работа, образование, деловно работење или домашни задачи. Оваа дефиниција не е строга заради тоа што неопходноста на одредена активноста се разликува од еден до друг човек. Во построга смисла, денгубата се поимува како залудно трошење на времето.[1]

Idle Woman, нацртана од Даниел Ернандес Морило

Времето може да се помине на два главни вида безделништво:

  • Активно безделништво: активна рекреација, одмор, спорт (џогирање, спорт за забава место за натпревар). Овој вид на безделништво ретко води кон досада.
  • Пасивно безделништво: спиење, вид на одмор близок до спиење, „трошење време“. Овој вид на безделништво често води кон досада. Одредени морални кодови го осудуваат овој тип на безделништво додека други го слават.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „денгуба“ - Дигитален речник на македонскиот јазик