Бања Косоврасти

бања во Македонија

Бања Косоврасти (позната и под имињата: Косоврашка бања, Дебарска бања-Косоврасти) ― едната од двете бањи во состав на Дебарските бањи во подножјето на планината Крчин, на надморска височина од 590 метри. Сместено е во истоименото село, на 5 километри северно од градот Дебар, на самиот брег на Дебарското Езеро.[1]

Зградата на хотелот Косоврасти во истоимената бања

Местоположба уреди

До бањата, како и до самото село Долно Косоврасти, води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1202 и преку мост води до бањата.[1]

Историја уреди

Здравствениот туризам во бањата започнал да се развива во периодот меѓу двете светски војни, кога биле изградени два хотела од по 50 легла (1931 и 1933). Денес, бањата располага со современ хотел од 120 легла, а годишно во неа престојуваат по повеќе од 5.000 посетители.[1]

Извори уреди

Термоминералниот извор е предиспониран со длабински расед. Теренот е изграден од флишни седименти што содржат гипс. Изворот дава 68,8 л/сек вода, која има температура од 48°C и радиоактивност од 34 м.е.. Во себе содржи калциум, магнезиум, натриум и калиум, како и сулфати.[1]

Многу е присутен сулфурводородот, а од ретките елементи литиумот и флуорот. По количеството сулфур во еден литар вода, Косоврашката бања се наоѓа на трето место во Европа и е многу слична со водата од Ахенските извори.[1]

Во бањата со успех се лекуваат ревматични, гинеколошки и кожни заболувања, како и болести на жолчните и бубрежните патишта.[1]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Косовската“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 741. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски уреди

41°31′56″N 20°34′39″E / 41.53222° СГШ; 20.57750° ИГД / 41.53222; 20.57750