Бармштет (германски: Barmstedt) — град во округот Пинеберг, во јужниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 8 километри североисточно од Елмсхорн и 30 километри северозападно од Хамбург. Со своите 10.000 жители е најмалиот град во округот Пинеберг. Познат е нашироко како чевларски град.

Бармштет
Црква на Светиот Дух
Црква на Светиот Дух
Црква на Светиот Дух
Грб на Бармштет
Бармштет во рамките на Германија
Бармштет
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Пинеберг
Градоначалник Хајке Депке (независна)
Основни податоци
Површина 17,17 км2
Надм. височина 11 м
Население 10.428 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 607 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PI
Пошт. бр. 25355
Повик. бр. 04123
Портал www.barmstedt.de
Местоположба на градот Бармштет во рамките на округот Пинеберг
Карта
Карта
Координати 53°47′N 9°46′E / 53.783° СГШ; 9.767° ИГД / 53.783; 9.767

Градот се наоѓа на малата река Крикау, која се влева во Елба. Во близина се наоѓа и Ранцауското Езеро.

Градот претставува административно седиште на општинските заедници Хернеркирхен и Ранцау.

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди