Барито (индонезиски: Barito) е река во покраината Јужен Калимантан, Индонезија. Долга е 890 км.[1] Извира во Милеровите Планини, а потоа тече на југ и се влева во Јаванското Море. Главна притока е Мартапура која се среќава со Барито кај градот Банџамарсин.

Пловила на реката Барито (почеток на XX век)

Во поречието живее народот Дајаци што говори наречје на мањанскиот јазик најблиско до малгашкиот јазик во Африка. Ова подрачје е прататковината на народот што го населил Мадагаскар во бранови помеѓу III и X век, па така денешните Малгаши водат потекло од Дајаците.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Roth; Henry Ling Roth, Hugh Brooke Low (1896). The Natives of Sarawak and British North Borneo. Ориг. од Харвард: Truslove & Hanson. стр. clxi. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help)

Надворешни врски уреди