Бано Михајлов Кушев бил учител во Отоманското Царство и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација. Бано Михајлов Кушев е роден на 22.07.1863 во семејството на трговецот Михаил Јанков Кушев. Тој е еден од учениците на првата генерација што ја завршува прочутата Солунска Гимназија “ Св. Св. Кирил и Методи“ во 1886-та година. Започнува работа како учител во Сер, Солун, Воден, Тетово, Дедеагач и дурги места. Во учебната 1893/94 година работи како замесник директор на училиште во родниот Велес. Иван Крајничанец, учител во истото училиште каде што Кушев бил директор, го нарекува “добар управник и добар другар на учителите“. Во учебната 1897/98 учителствува во Одрин. За време на бранот од апсења по Солунските атентати Бано Кушев (по тоа време главен учител во Велес) е уапсен и одведен во Скопје. По крајот на учебната 1906-1907-ма година, поради сомнежи на властите за учество во револуционерното движење, Кушев е отстранет од Егзархијата како учител во Скопското девическо училиште. Покасно станува училиштен инспектор. Влегува во ВМРО и станува легален деец во Велес. По Младотурската револуција од 1908-ма година е учител во родниот град. Избран е за делегат од Велес на основачкиот конгрес на СБКК (Сојуз на Бугарски Конституциони Клубови) во Солун. На Вториот Конгрес на СБКК е избран за член на ревизионата комисија. Работи активно против режимот на Младотурците. Убиен е на 14.11.1910 година при обезоружителната акција (акција на Младотурскиот режим за собирање на оружјето на четите на ВМРО). Негов брат е Петар Михајлов Кушев (Велес, 24.03.1870-Софија, 12.05.1939), лекар, деец на ВМРО и пратеник од Македонската парламентарна група во 23-тото Народно Собрание на Царство Бугарија од Неврокопскиот реон. Бано Кушев има три сина - Илија Кушев (Велес, 24.03.1896 - с. 'Рлевци (Острилци), Велешко, 29.11.1922), војвода на ВМРО и член на студентското друштво “Вардар“, Тодор Кушев (Велес, 15.02.1901 - Гевгелија, 19.09.1925) - четник на ВМРО, убиен од српска потера и Михаил Кушев (Велес, 15.03.1905 - Велес, 05.11.1992), инженер архитект, член на ММТРО (Македонска Младежка Тајна Револуционерна Организација), раководител на групата во Грац, Австрија, го зачувал тајниот архив на ММТРО.

Бано Кушев
Роден 1863 г.
Велес, Отоманско Царство
Починал 17 ноември 1910 г.
Велес, Отоманско Царство