Бане Стефановски ( 1925 во Тетово1942 во Кисела Вода, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Потекнувал од сиромашно градско семејство. Основно училиште завршил во родниот град, а гимназија учел во Скопје, каде се доселил по окупацијата на Македонија. Во Скопје се поврзал со напредното движење. Станал член на скоевската организација. Извршувал разни задачи, а учествувал во опфаќање на нови младинци во ослободителното движење, собирал народна помош, растурал летоци и други слични активности. Како проверен и бескомпромисен борец во тешката илегална борба добил и посебни задолженија. Средношколската организација го задолжила да се зачлени во фашистичките младински организации, Браник и Отец Паисиј и да собира податоци за нивната дејност и внатрешно да ги разбива. И оваа деликатна задача успешно ја извршил. Во 1942 година бил откриен и затворен од окупаторската бугарска фашистичка полиција. Бил подложен на ѕверско мачење. Неговите соборци, слушајќи за тешкото мачење загрижено се прашувале дали ќе издржи или ќе ја предаде организација. Иако бил само на седумнаесет години, тој храбро издржал до смрт. Агентите по ѕверското мачење го убиле, а потоа го изнеле кон Кисела Вода и инсценирале убиство при бегство.[1]

Една улица во неговиот роден град Тетово, е именувана со неговото име.[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 132. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „Улица Бане Стефаноски - Тетово“. wikimapia.org.