Балталија

село во Општина Штип

Балталија — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Балталија
Балталија во рамките на Македонија
Балталија
Местоположба на Балталија во Македонија
Балталија на карта

Карта

Координати 41°39′6″N 22°14′11″E / 41.65167° СГШ; 22.23639° ИГД / 41.65167; 22.23639
Општина Штип
Област Лакавица
Население 7 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 230 м
Балталија на општинската карта

Атарот на Балталија во рамките на општината
Балталија на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Населбата се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Штип, во проширената долина на реката Крива Лакавица, лева притока на Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 380 метри. Од Штип населбата е оддалечена 18 километри. Балталија природно е дел од етнографската област Лакавица.[2]

Историја уреди

Во XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот Санџак, како дел од Косовскиот Вилает на Османлиската Империја.

Стопанство уреди

Атарот е заеднички со селото Лакавица.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194869—    
1953100+44.9%
1961115+15.0%
1971101−12.2%
198156−44.6%
ГодинаНас.±%
199130−46.4%
199426−13.3%
200222−15.4%
20217−68.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Балталија имало 70 жители, од кои 40 Турци и 30 Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Балталија имало 32 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[5]

Балталија е мало село, коешто во 1961 година броело 115 жители, а во 1994 година бројот се намалил за 26 жители.[6]

Според пописот од 2002 година, населението на Балталија броело 22 жители, од кои 21 Македонец и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 6 Турци и 1 Влав.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 70 32 69 100 115 101 56 30 26 22 7
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2308 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Лакавица.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 118 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.11
  3. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.34“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-01-07.
  4. Brancoff, D.M, (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne. Париз. стр. 134-135.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. PX-Web. Посетено на 2023-01-08.[мртва врска]
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.

Надворешни врски уреди