Бадри Teymourtash (1908-1995 нов кал. (1287-1374 хиџ. кал.)) наречена во Иран „Мајка на стоматологијата“. Таа била првата жена стоматолог во Иран.[1]

Д-р Бадри Тејмурташ.

Во 1965 година, таа и д-р Есмаел Сондузи ја основале Стоматолошката школа на Универзитетот „Машхад“.[2]

Таа се пензионирала во 1989 година (1368 година х.к.),[3] и починала во 1995 година. Таа била погребана во Светиот храм (Сахне Азади) во Машхад.

Библиотеката на Стоматолошкиот факултет на универзитетот „Машхад“ била преименувана во нејзина чест.

Ран живот уреди

Родена во влијателно иранско семејство во 1908 година во Машхад, таа била сестра на втората најмоќна политичка личност во Иран за време на раната династија Пахлави, Абдолхосеин Тејмурташ. Таа била испратена во Белгија кон крајот на 1920-тите и се запишала на Стоматолошката школа.

По завршувањето на Стоматолошката школа, се верува дека размислувала да се пресели во Белгиско Конго за да преземе хуманитарна работа. Како и да е, падот на Абдолхосеин Тејмурташ во 1932 година ја поттикнало да се врати во Иран каде заедно со сопругата и децата на Тејмурташ, таа издржала осум години домашен притвор и прогонство во далечните имоти на семејството во Хорасан. По абдикацијата на Реза Шах во 1941 година, во согласност со општа амнестија, сите политички затвореници биле ослободени, а Бадри Тејмурташ се преселила во Машхад каде што се занимавала со стоматологија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. http://static1.squarespace.com/static/56cb5012c6fc08547b2b754f/t/574df20e3c44d82a049de343/1464726038010/ExemplaryWomenFromIran.pdf Архивирано на 6 август 2019 г. Exemplary Women from Iran, стр. 104, excerpted from Jewels of Allah: The Untold Story of Women in Iran, од Нина Ансари.
  2. „Mashhad University of Medical Sciences“. dentistry.mums.ac.ir. Архивирано од изворникот на 2021-06-08. Посетено на 2020-09-30.
  3. Лична карта

Надворешни врски уреди