Бабунската акција или Масакрот кај Сеченица — колење извршено од страна на велешкиот и прилепскиот бугарски гарнизон во Втората светска војна, со поддршка на полицијата, контрачетите и специјални воени единици обучени да водат борба со герилски единици, специјалните единици биле доведени од Скопје и Бугарија, против Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ на просторот Прилеп - Велес, во октомври 1942 година. Во неа, на 17 октомври 1942 година во Богомила брутално беа убиени и масакрирани 16 борци. Покрај нив, 64 души беа интернирани во логорите во Бугарија, а други 48 во затворите во Скопје и Велес. Една недела по овој масакр, на 24 октомври 1942 година бил извршен масакр во Долно Јаболчиште.

Тела од Бабунската акција

Жртви уреди

 
Спомен-плоча на загинатите на селските гробишта во Богомила

Помеѓу загинатите биле:

Ристо Поповски, Тоде Јаневски, Шефки Исмаиловски, Милан Гиновски, Ванче Анастасовски, Веле Јаневски, Тоде Димитриевски, Игно Алексовски, Борис Јаневски, Петре Димовски, Коста Николовски, Ризо Јаневски, Петре Тодоровски, Темелко Ѓорѓиевски, Петре Стефановски и Тане Ристовски.[1][2]

Наводи уреди

  1. Б О Г О М И Л А, Лексикон, изработил Јовановски Влатко
  2. „Сеченица 1942“. Архивирано од изворникот на 2008-10-26. Посетено на 2011-10-20.