Ајмсбител е еден од седумте окрузи (Bezirke) на Хамбург, Германија.

Ајмсбител
Округ во Хамбург
Улица Остерштрасе
Улица Остерштрасе
Улица Остерштрасе
Ајмсбител во рамките на Германија
Ајмсбител
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Округ единици 9 квартови
Основни податоци
Површина 50 км2
Население 246.087  (1 јануари 2006)
 - Густина 4.922 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Окрузи во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°34′28″N 9°57′34″E / 53.57444° СГШ; 9.95944° ИГД / 53.57444; 9.95944

Историја уреди

На 1 март 2008, Ајмсбител изгубил дел од неговата површина за да се создаде квартот Штерншанце во округот Алтона.[1]

Географија уреди

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн округот Ајмсбител имал вкупна површина од 50,1 км2.

Округот Ајмсбител е поделен на девет квартови: Ајделштет, Ајмсбител, Харфештехуде, Хоелуфт-Вест, Локштет, Ниндорф, Ротербаум, Шнелзен и Штелинген. Се наоѓа во рамките на овој округ е поранешното еврејското соседство Гриндел.

Демографија уреди

Во 2006 во округот Ајмсбител живееле 246.087 луѓе. Густината на населеност била 4.915 луѓе на км2. 19,3% биле деца под 18 години и 18,6% имале 65 или повеќе години. 13% биле имигранти. 10.042 лица биле регистрирани како невработени.[2]

Во 1999, постоеле 140.694 домаќинства и 51,5% од сите домаќинства биле составени од поединци.[3]

Окружен парламент уреди

Симултано со изборите на покраинскиот парламент (Bürgerschaft), Bezirksversammlung е избран како претставник на граѓаните. Се состои од 51 претставник.

Поврзано: Окрузи во Хамбург

Избори уреди

Изборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Пет партии, кои имале повеќе од 5 проценти на неодамнешните избори (минимум за квалификување) се конзервативната CDU, социјалдемократската SPD, еколошката Зелена партија (GAL), левата Die Linke и либералната Слободна демократска партија (FDP). Излезноста на гласачите биле 65,9%.[4]

Партија Процент Места
CDU 36,6 19
SPD 30,1 15
GAL 18,8 10
Die Linke 7,1 4
FDP 5,6 3

Образование уреди

Хамбуршкиот универзитет се наоѓа во округот. Постоеле 32 основни училишта и 20 средни училишта во Ајмсбител, во 2006.[5]

Култура уреди

Спорт уреди

Eimsbütteler TV е еден од спортските клубори користејќи ги објектите во округот Ајмсбител. Основан во 1889 е еден од најстарите спортски клуботи во Хамбург.

Инфраструктура уреди

Здравствен систем уреди

Diakonie Klinikum Hamburg има неколку делови во округот Ајмсбител и обезбедува вкупно 450 кревети.[6] Болничкиот дел Alten Eichen, Jütländer Allee 48, со 208 кревети и 5 оддели е исто така дел на Diakonie Klinikum Hamburg и обезбедува капацитет за итните медицински услуги.[7]

Болницата Jerusalem, Moorkamp 2, е лутеранска болница со 105 кревети во 9 оддели.[8]

Во 2006, постоеле 172 дневни центри за деца, 742 лекари во приватни возила и 69 аптеки.[5]

Сообраќај уреди

Железничката станица Хамбург-Дамтор за возови на долги одредишта и градските возови се наоѓа во квартот Ротербаум. Округот Ајмсбител е опкружуван од железничкиот систем на градските возови и подземната железница со неколку други станици. Јавниот превоз е исто така обезбедуван од автобуси на Hamburger Verkehrsverbund.

Сојузниот автопат 7 (A7) тука, исто така, е Европски автопат E45 поврзувајќи го Каресуванто во Финска, со Џела во Италија и поминува низ округот од Север кон Југ низ квартот Баренфелд. Сојузниот автопат 23 (A23) започнува во округот Ајмсбител и го поврзува Хамбург со градот Хајде, Шлезвиг-Холштајн. Излезите Хамбург-Штелинген, Хамбург-Шнелзен и Хамбург-Шнелзен-Норд (Аеродром) за A7 и излезот Хамбург-Ајделштет за A23 се наоѓаат во округот Ајмсбител.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Ајмсбител биле регистрирани 91.871 приватно возила (376 возила/1000 луѓе).[5]

Наводи уреди

  1. Закон за територијална организација
  2. Служба за пријавување на граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  3. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  4. Конечни изборни резултати, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)
  5. 5,0 5,1 5,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  6. Болници во Хамбург, страна 14
  7. Болници во Хамбург, страна 13
  8. Болници во Хамбург, страна 17

Надворешни врски уреди