Аилеу (португалски: Município Aileu, тетум: Munisípiu Aileu) е општина, и поранешен округ на Источен Тимор. Населението брои 48 837 жители (Попис 2015 година) и површина од 737 км². Главниот град на општината е исто така именуван Аилеу. Нејзините административни места се Аилеу, Лаулара, Лекидо и Ремексио.[1]

Ајлеу
Aileu
Општина
Река во Ајлеу
Река во Ајлеу
Знаме на Ајлеу
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Ајлеу
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Ајлеу
Држава Источен Тимор
Главен градАјлеу
Површина
 • Вкупна737 км2 (285 ми2)
Население
 • Вкупно48 837
 • Густина66/км2 (170/ми2)
Час. појасUTC+9 (UTC+9)
ИЧР (2017)0.613 medium

Етимологија уреди

Зборот Aileu значи „свиткано дрво“ на локалниот јазик Мамбаи.

Географија уреди

 
Административни места во Ајлеу

Ајлеу е во северозападниот дел на Источен Тимор и е една од само двете општини без излез на море, а другата е Ермера. Се граничи со Дили на север, Манатуту на исток, Мануфахи на југоисток, Ајнару на југ, Ермера на запад и Ликиса на северозапад. Порано беше дел од денешната општина Дили, но беше поделен во последните години од португалската администрација.

 
Град во Ајлеу

Население уреди

Населението во Ајлеу заклучно со 2015 година изнесува 48 837 жители; за споредба, според податоците за 2004 година, Ајлеу броеше 37 926 жители. Скоро половина од населението живее во главниот град на округот, Ајлеу. Просечната густина на населението е 65,57 луѓе / км². Просечната возраст на населението во округот е 17,7 години, што е помалку од националниот просек од 18,8 години. Приближно две третини од населението зборува на јазикот Мамбаи; Тетумскиот јазик е исто така широко распространет. Заклучно со 2004 година, 88,4% од населението на Ајлеу се католици, што е значително пониско од националниот просек. Учеството на протестантите е 8,6%, а учеството на приврзаниците на традиционалните анимистички верувања е 2,7%. Муслиманите сочинуваат само 0,2% од населението на округот.[2]

Политика уреди

Како дел од програмата за децентрализација на Владата на Источен Тимор, поранешниот округ Ајлеу сега е организиран како општина Ајлеу, предводена од општински администратор. Четирите поранешни под-области сега се организирани како Административни места.

Економија уреди

Ајлеу е во фокусот на неколку програми за развој од невладини организации, вклучувајќи ги и WaterAid, World Vision и Plan International. Во мај 2000 година, Градскиот совет на Хјум и Градскиот совет на Мореленд и заедниците во Мелбурн Австралија воспоставија пријателски односи со општината Ајлеу, наречена „Пријатели на Ајлеу“. Врската за пријателство се обновуваше периодично, со потпишување на ажурирани договори за пријателство во 2005, 2010 и 2016 година.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Имиња на места во Источен Тимор“ (PDF).
  2. „Preliminary Results Population and Housing Census 2015 | STATISTICS TIMOR-LESTE“. www.statistics.gov.tl. Архивирано од изворникот на 2020-08-18. Посетено на 2020-11-15.
  3. „Friends of Aileu“. www.facebook.com. Посетено на 2020-11-15.

Надворешни врски уреди