Аурора (Ауроре) Мари Пил (1850–1938) била шведска едукаторка и суфражетка. Таа е запаметена по основањето на училиште за девојки во Норшепинг во 1880 година и по значајниот придонес во кампањата за право на глас на жените. Во 1903 година, таа го коосновала Здружението за право на глас на жените во Норшепинг каде била заменик-претседателка до 1910 година. Таа го делела управувањето со Norra flickläroverket до 1890 година, по што била единствена директорка до нејзиното пензионирање во 1916 година.[1][2][3]

Ауроре Пил

Ран живот и образование уреди

Родеан е во Халештад, Естерјетланд, во југоисточниот дел на Шведска, на 24 септември 1850 година, Аурора Пил Марија била ќерка на кралскиот судски извршител По Јохан Пил и неговата сопруга Аурора Улрика Кристина, родена Андре. Таа до својата 13-та година одела на училиште во Аскерсунд, живеејќи со тетка додека била таму. Надевајќи се дека ќе стане учителка, таа добила приватно образование до 1877 година кога влегла во Кралската богословија, колеџ за обука на наставнички во Стокхолм. Таа ја добила својата диплома за настава во 1880 година.[4]

Кариера уреди

По дипломирањето, таа се вратила во Остерјетланд каде што, заедно со колешката Герда фон Фризен, основала женско училиште наречено Norrköpings nya läroverk för flickor (Новото училиште за девојки на Норшепинг), но општо познато како Pilhska skolan (Училиштето Пил). Сместено во работничката област на индустрискиот град, започнало скромно со само 12 ученички, но брзо пораснало, преселувајќи се во поголеми простории две години подоцна. Наскоро станало признато како едно од најдобрите приватни училишта во земјата.[1]

Покрај предавањето, Пил станала посветен член на локалното женско движење за право на глас, станувајќи заменик-претседателка на здружението. Таа се борела за развој што ќе им овозможи на мажените жени да работат и да станат активни во области резервирани за мажи. Таа, исто така, се залагала за еднакви плати за мажите и жените, коментирајќи „Иста плата за иста работа, ако таа е подеднакво добра и со иста компетентност од страна на мажите и жените“.[1][2]

Од 1890 година до нејзиното пензионирање во 1916 година, Пил била директорка на Norrköpings nya läroverk för flickor и останала заменик-претседателка на женското здружение до 1910 година.[1][3]

Ауроре Пил починала на 26 април 1938 година во Боксхолм.[1]  

Дополнително читање уреди

  • Aurore Pihl at Svenskt kvinnobiografiskt lexikon
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Perwe, Johan (2 March 2020). „Aurora Maria (Aurore) Pihl“. Svenskt kvinnobiografiskt lexikon. Посетено на 5 May 2021.
  2. 2,0 2,1 Perwe, Johan (22 March 2019). „Läraren Aurore Pihl stred för kvinnors rättigheter“ (Swedish). Demokrati 100. Архивирано од изворникот на 2021-11-19. Посетено на 5 May 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. 3,0 3,1 Hedberg, Walborg; Arosenius, Louise (1914). „Svenska kvinnor från skilda verksamhetsområden - Biografisk uppslagsbok“ (Swedish). Albert Bonniers Förlag. Посетено на 5 May 2021.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. Krey, Elisabeth (25 September 1910). „Ett lifsverk i undervisningens tjänst“ (PDF) (Swedish). Idun. Посетено на 6 May 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)