Ари ван Лент (роден на 31 август 1970 година, во Опхузден) — холандски фудбалски тренер и поранешен напаѓач, кој моментално го води Вториот тим на Борусија Менхенгладбах (до 23 години).

Ари ван Лент
Лични податоци
Роден на 31 август 1970(1970-08-31)(53 г.)
Роден во Опхузден, Холандија
Држава  Холандија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Сегашен клуб Борусија Менхенгладбах II Б. Менхенгладбах II (тренер)
Повлекување како играч - 2007 (36 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989-1998 Вердер Бремен II Вердер Бремен II 162 (101)
1990-1998 Вердер Бремен Вердер Бремен 32 (6)
1992-1993Олденбург Олденбург 1 (0)
1998-1999 Гројтер Фирт Гројтер Фирт 34 (16)
1999-2004 Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах 145 (54)
2004-2006 Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт 43 (16)
2006 Рот-Вајс Есен Рот-Вајс Есен 19 (6)
Раководител на екипите
2007-2009 Клеве Клеве
2010-2011 Рот Вајс Ален Рот Вајс Ален
2011-2013 Кикерс Офенбах Кикерс Офенбах
2013 Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах (У-19)
2015- Борусија Менхенгладбах II Б. Менхенгладбах II
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Играчка кариера уреди

Вердер Бремен уреди

Ари ван Лент е роден во Опхузден, Холандија, но својот прв професионален договор го потпишал со германската екипа ФК Вердер Бремен, приклучувајќи му се најпрво на вториот тим. За сезоната 1990-1991 ван Лент бил прекомандуван во сениорскиот тим на зелено-белите, без да направи ниту еден настап во лигата. Дури следната сезона напаѓачот го направил своето деби, кога тренерот Ото Рехагел го уфрлил во игра во 71-вата минута не местото на Штефан Кон, во натпреварот против Борусија Дортмунд, одигран на 6 декември 1991 година.[1] Меѓутоа тој сè уште не успеал да си обезбеди место во тимот во наредниот период. Ниту во сезоната 1992-1993 во дресот на Олденбург во Втората Бундеслига каде бил на позајмица, ван Лент не се наиграл, забележувајќи само еден настап (едно полувреме) поради повреда.

Само во сезоната 1996-1997 кога Ханс-Јирген Дорнер бил тренер на Вердер, тој бил редовен стартер.[2] Toj постигнал пет гола во оваа сезона, од кој првиот на 16 март 1997 година на гостувањето против Бохум. Исто така тоа било неговиот прв погодок во Бундеслигата во неговата кариера.[3] Во 31-вото коло од истата сезона, ван Лент постигнал хет-трик во победата со 3-2 на домешен терен против Келн, но интересно е тоа што токму тој ја отворил серијата на голови постигнувајќи автогол во 9-тата минута со кој им дал преднос на гостите.[4] Тоа го прави единствениот играч досега кој постигнал три гола во еден натпревар откако претходно ја погодил сопствената мрежа во историјата на Бундеслигата.

Гројтер Фирт уреди

Сезоната 1997-1998 ван Лент очекувано ја започнал како стартер во Вердер со оглед на фактот дека тренерот Дорнер имал потполна доверба во него. Сепак, по серијата лоши резултати во лигата, во периодот околу Нова Година Дорнер добил отказ и бил заменет од Волфганг Сидка, што значело преселба за ван Лент меѓу гледачите откако бил повикан во тимот само за еден натпревар до крајот на сезоната. Таквата ситуација го натерала ван Лент да го напушти клубот во текот на летото на 1998 година, потпишувајќи за второлигашот ФК Гројтер Фирт. Од своето доаѓање во клубот ван Лент бил избран за прв напаѓач на тимот и имал големи можности да ги покаже својте квалитеит. Тој ги одиграл сите 34 натпревари од лигата за сезоната 1998-1999 на што тој одговорил постигнувајќи шеснаесет голови за неговата екипа. Само Бруно Лабадија (од Арминија Билефелд) и Рајнер Криг (од Карлсруе) постигнале повеќе голови од него во оваа сезона.

Борусија Менхенгладбах уреди

Добрите перформанси во Фирт ја разбудиле желбата на други клубови да го доведат во својте редови, па по само една сезона ван Лент одново ги променил клупските бои потпишувајќи за екипата на Борусија Менхенгладбах исто така во втората лига. Таму тој ја подобрил неговиот голгетерска сметка постигнувајќи 19 гола, но Борусија ја пропушила шансата за промоција завршувајќи тек на петтото место во сезоната 1999-2000. Меѓутоа, тоа на клубот му успеало една година подоцна, а повторно ван Лент бил најдобриот стрелец на својата екипа, постигнувајќи 14 гола. Во сезоната 2001-2002 ван Лент се вратил на настапите во Бундеслигата, започнувајќи импресивно со три гола во првите два натпревари на Борусија (победата над Бајерн Минхен (1-0) и поразот од Кајзерслаутерн (3-2)), и завршувајќи ја со вкупно 12 гола во 30 настапи во лигата. Меѓутоа следната сезона била тешка за него бидејќи ја започнал повреден и на првиот настап чекал сè до јануари, не успевајќи да постигне ниту еден гол, но затоа во сезоната 2002-2003 се вратил во форма и одново бил најдобар стрелец на својот тим постигнувајќи девет гола колку што постигнал и неговиот колега од нападот Вацлав Сверкош.[5] Ван Лент го постигнал својот последен гол за Борусија Менхенгладбах во неговиот последен натпревар за клубот на 22 мај 2004 против Минхен 1860 (победа 3-1) на Стадионот Бекелберг, пред тој да биде срушен нешто подоцна.

Ајнтрахт Франкфурт уреди

И покрај овие успеси, тој го напуштил Менхенгладбах во текот на летото на 2004 година и му се приклучил на Ајнтрахт Франкфурт. Под водство на тренерот Фридхелм Функел, екипата имала за цел повторно враќање во Бундеслигата. Пред сè благодарение на напаѓачкото трио Ван Лент, Ча Ду-Ри и Бенјамин Келер кое заедно постигнало 31 гол во 34 натпревари, клубот завршил на третото место зад 1. ФК Келн и Дузибург и изборил промоција. После враќањето на клубот во Бундеслигата, тој одиграл помалку значајна улога. Неговиот договор со Ајнтрахт, која првично бил предвиден да трае до 30 јуни 2006 година, бил раскинат на 16 јануари 2006.

Рот Вајс Есен уреди

До крајот на 2006 играл уште и за Рот-Вајс Есен пред да го раскине договорот со клубот во декември и да ја заврши својата кариера набрзо потоа.

Тренерска кариера уреди

Ари ван Лент по завршувањето на играчката кариера станал тренер и водел неколку германски нисколигашки екипи. Во 2013 година дошол во клубот во кој оставил голема трага како играч, Борусија Мнехенгладбах како тренер на екипата под 19 години. Во септември 2015 бил назначен за тренер на Вториот тим, откако Андре Шуберт ја преземал функцијата од Лусиен Фавр во првиот тим на ждребињата.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди