Аргулички мост или Мал мост — камен мост во градот Кратово, заведен како Културно наследство на Македонија под називот Мал мост (Аргулички) во „Списокот на заштитени добра“ од 2012 година под реден број 25 во Кратово.[1]. Мостот ја минува Манцева Река, притока на Кратовска (Табачка) Река.

Аргулички мост
Плоча на Аргуличкиот мост
ПреминуваМанцева Река
МестоКратово
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Распони1
Историја
Завршенкрај на XIX век
Местоположба
Карта

Се наоѓа на крајот од градот, во кратовското маало Аргулица. Изграден е пред повеќе од 100 години. Денеска состојбата на мостот се влошува и целата камена структура е напукната.

Наводи уреди

  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитено културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 31 март 2022.