Анѓел Тодоров Пеев (с. Стојаково, Гевгелиско, 16 јули 1930) — македонски дигестивен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на Клиниката за дигестивна хирургија[1].

Животопис уреди

Пеев е роден во гевгелиското село Стојаково на 16 јули 1930 година. Завршил Медицински факултет и специјализација по општа хирургија во 1964 година во Скопје и супспецијализација по дигестивна хирургија во Лондон, Англија во 1973 година. Докторирал на темата „ПГВ во лекувањето на дуоденалниот улкус“. Вовел ваготомија кај дуоденалниот улкус, сопствена модификација кај најтешката форма пилорна стеноза, шантови операции кај портална хипертензија, радикална панкреато-дуоденална ресекција и ресекции на панкреасот. Ја вовел неагресивната лапароскопска хирургија во 1992 година.

Библиографија уреди

Автор е на 83 научни трудови.

  • Лапароскопска билијарна хирургија, Скопје, 1995.

Наводи уреди

  1. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). МАНУ. стр. 1126. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).