Антонио Спасев (5 јуни 1967, Св. Николе) – македонски новинар.

Животопис уреди

Антонио Спасев е роден на 5 јуни 1967 година во Св. Николе. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, во 1991 година.

Новинарска кариера уреди

Спасев ја зпаочнал новинарската кариера во 1995 година, кога се приклучил на екипата која тогаш го основала неделникот „Фокус“.[1] Во 1998 година преминал во „ТВ Телма“ каде со уште неколку новинари го започнал емитувањето вести на овој медиум. Во 2007 година учествува во правењето на првиот интернет-портал во Македонија - „Кирилица“ и бил негов главен уредник.[2] Една година подоцна преминал во дневникот весник „Дневник“, каде извршувал повеќе уреднички работи, а четири години бил и заменик главен и одговорен уредник.[3] Весникот „Дневник“ го напуштил во 2016 година и го формирал првиот бесплатен неделник во Македонија – „Скопско Ехо“, извршувајќи ја функцијата главен уредник.[4] Исто така, тој извесно време бил и дописник на реномирани странски радио-станици кои имаат емисии на македонски јазик, а раководел и со двонеделните магазини „Авто Берза“ и „Кликер“.

Наводи уреди