Антиаритмички агенс

Антиаритмиците се класа на лекови кои се користат во третманот на состојби на абнормален срцев ритам (кардијални аритмии), како што се атријална фибрилација, атријален флатер, вентрикуларна тахикардија и вентрикуларна фибрилација.

Класификација на антиаритмичните лекови.

Направени се повеќе обиди да се класифицираат антиаритмичките агенси. При тоа главен проблем што се јавува е во тоа што голем дел од нив делуваат преку повеќе механизми, што било која класификација ја прави нецелосно прецизна.