Анте Абрамовиќ ( Посавски Подгајци, Жупања 1903 - Белград 1985 ) бил сликар и ликовен педагог.

Биографија уреди

десно|мини|250x250пкс| Анте Абрамовиќ: Море Анте Абрамовиќ е роден во Посавски Подгајци кај Жупања на 17 мај 1903 година. Студиите за сликарство ги започнал во Загреб, а потоа се преселил во Белград во 1928 година и ги продолжил студиите на Уметничката школа во Белград кај професорите Љубо Ивановиќ, Милан Миловановиќ и Иван Радовиќ, каде што дипломирал на наставниот оддел во 1934 година. Своето образование го продолжил во Париз во 1939 и 1952 година, а во Италија во 1947 и 1948 година. Од 1949 г. бил професор по цртање на гимназијата и на Вишата педагошка школа во Белград.

Илустрирал книги и детски сликовници, сликал портрети, пејзажи и мртва природа. Како техники користел масло, темпера и акварел.

Неговите дела се во Националниот музеј, Музејот на современа уметност во Белград, Меморијалната колекција на Павле Бељански во Нови Сад, како и Модерната галерија во Загреб.

Починал во Белград на 25 мај 1985 година.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Литература уреди

Надворешни врски уреди