Анива (бислама: Aniwa) е мал остров во покраината Тафеа во Вануату.[2]

Анива
Aniwa
остров
Марта на Тана и Анива.
Марта на Тана и Анива.
Држава Вануату
ПокраинаТафеа
Површина
 • Вкупна8 км2 (3 ми2)
 [1]
Надм. вис.&1000000000000004200000042 м
Население (2009)
 • Вкупно341
 • Густина43/км2 (110/ми2)
Часовен појасVUT (UTC+11)

Географија уреди

Вкупната површина на островот е 8 км2. За разлика од останатите острови во Вануату, Анива е корален остров, односно корален атол. Островот се издигнува на 42 метри надморска висина. Во северозападниот дел на островот има лагуна, Лагуна Ичаро, која е отворена кон морето. Најблизок остров е Тана, кој е на 24 км југозападно. Островот е дел од Полинезија заедно со Футуна. Сите други острови во Вануату се дел од Меланезија.

Население уреди

Населението, заедно со тоа од Футуна, се Полинезијци кои дошле од Валис и Футуна или Самоа пред многу години. Населението на островот е околу 350 жители[3] поделено во пет села:

  1. Итамоту
  2. Имале
  3. Исавај
  4. Икаокао
  5. Намсафура

Сообраќај уреди

На островот се наоѓа Аеродромот Анива, кој има летови двапати неделно кон Порт Вила.

Наводи уреди

  1. „Vanuatu“. Haos Blong Volkeno. Архивирано од изворникот на 2018-08-08. Посетено на 8 August 2018.
  2. „UNEP Islands Directory“. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 2020-04-22.
  3. 2009 Census Summary release final Архивирано на 21 декември 2013 г. - Government of Vanuatu

Надворешни врски уреди