Андрис Бједринс (2 април 1986 во Рига) — летонски професионален кошаркар кој моментално е слободен играч во НБА. Негов последен клуб бил Јута Џез, каде ја минал сезоната 2013–14. Бил избран на драфтот во 2004 како 11. избор од страна на екипата на Голден Стејт Вориорс,[1] каде минал девет сезони и двапати стигнал до разигрувањето во вториот дел од НБА. Кариерата ја започнал во 2002 во екипата на КК Сконто, каде останал две години. Освен во НБА, Бједринс настапувал и за кошаркарската репрезентација на Латвија. Со репрезентацијата играл на европските кошаркарски првенства во 2007 и 2009, но не ја минале групната фаза.[2]

Андрис Бједринс
Бједринс со екипата на Голден Стејт
слободен играч
центар
Лични информации
Роден на2 април 1986(1986-04-02)(38 г.)
Рига, Латвија
НационалностЛетонец
Височина7 ст 0 ин (2.13 м)
Тежина250 lb (113 kg)
Информации за кариера
НБА драфт2004 / Круг: 1 / Избор: 11ти вкупно
Одбран од Голден Стејт Вориорс
Професионална кариера2002–сѐ уште
Историја на кариера
2002–2004КК Сконто
2004–2012Голден Стејт Вориорс
2013–2014Јута Џез
Статистика на NBA.com
Статистика на Basketball-Reference.com

НБА статистика уреди

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел уреди

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2004–05 Голден Стејт 30 1 12.8 .577 .000 .475 3.9 .4 .4 .8 3.6
2005–06 Голден Стејт 68 2 14.7 .638 .000 .306 4.2 .4 .3 .7 3.8
2006–07 Голден Стејт 82 63 29.0 .599 .000 .521 9.3 1.1 .8 1.7 9.5
2007–08 Голден Стејт 76 59 27.3 .626 .000 .620 9.8 1.0 .7 1.2 10.5
2008–09 Голден Стејт 62 58 30.0 .578 .000 .551 11.2 2.0 1.0 1.5 11.9
2009–10 Голден Стејт 33 29 23.1 .591 .000 .160 7.8 1.7 .6 1.3 5.0
2010–11 Голден Стејт 59 55 23.7 .534 .000 .323 7.2 1.0 .9 .9 5.0
2011–12 Голден Стејт 47 35 15.7 .609 .000 .111 3.7 .3 .5 1.0 1.7
2012–13 Голден Стејт 53 9 9.3 .476 .000 .308 2.9 .3 .3 .8 .5
2013–14 Јута 6 0 7.5 1.000 .000 .167 2.8 .0 .0 .0 .5
Просек 516 311 21.6 .594 .000 .500 7.0 .9 .6 1.1 6.3

Разигрување уреди

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2007 Голден Стејт 11 8 24.3 .730 .000 .533 6.3 .5 .7 1.5 6.4
2013 Голден Стејт 3 0 5.7 .000 .000 .000 2.3 .3 .0 .7 .0
Просек 14 8 20.3 .730 .000 .533 5.4 .4 .6 1.4 5.0

Наводи уреди

Надворешни врски уреди