Ангелко Аврамов Чупаров е роден во село Папрадиште, Азот, Велешко, во 1878 година.

Ангелко Чупаров
Роден 1878
Папрадиште, Османлиско Царство
(денес Македонија)
Починал 1907 (на 28–29 г.)
меѓу Чашка и Еловец, Османлиско Царство
(денес Македонија)

Тој беше еден од најпреданите месни организациски дејци. Во есента, 1907 година, по наредба дадена од реонскиот војвода, Михаил Змијата да однесе едно писмо во Велес и да го предаде на градското раководно тело, тргнал од селото Бистрица за град Велес. Но агенти на српската пропаганда соопштуваат на деврието да го стигне Ангелко и да го претресе. Деврието (група турски војници) го престигнуваат Ангелко меѓу селата Чашка и Еловец и бараат од него да го претресат. За писмото да не падне во рацете на власта и да не настанат масовни апсења, Ангелко го голта писмото и се застрелува. Така, на својата служба, умре Ангелко за да го зачува родот и честа на својот тврд мијачки род.