Ангеле Миладинов Крстески ( 1924 во Србјани, Кичевско1944 во Клиново, Кавадаречко) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Роден е во земјоделско семејство. Определен за борба против окупаторот, се вклучил во воспитните групи, а во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ. Во есента 1943 година доброволно заминал како партизан во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата бил во Егејска Македонија во познатиот Февруарски поход. По борбите кај Богомила, се нашол отцепен од Бригадата со повеќе свои другари кои наишле на бугарски заседи кај селото Клиново на Црна Река. Таму бил смртно погоден од фашистички куршум во февруари 1944 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 75.